54 медали за македонските кикбоксери на турнир во Белград

Македонските кикбоксери освоија 54 медали на меѓународниот кикбокс турнир „Трофеј на Белград“ што се одржа изминатиот викенд. Тие освоија 15 златни, 17 сребрени и 22 бронзени медали. На турнирот учествуваа 269 натпреварувачи од 53 клубови од пет земји: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Молдавија.

Најуспешен македонски клуб е КБК „Шампион“ – „Магнус тим“ од Скопје, кој освои 11 медали, а членот на овој клуб, Бобан Илиовски, беше прогласен за најдобар борач во ринг и доби златен пехар.

 

Scroll to Top