Македонскиот селектор Игор Ангеловски заедно со своите фудбалери, по победата над Грузија, со песна продолжи да слави во прес-центарот кај новинарите.
Ангеловски им се заблагодари на сите за честитките, но рече дека за тоа најзаслужни се неговите момци.
„Благодарам на честитките, но тие одат до моите фудаблери. Не само овие што се тука. Едно момче сега лежи во кревет, тоа е Енис Барди, а со нас не се ниту Кире, Крста и Буба, но и тие се дел од овој успех. Македонија имаше еден херој, кој го оспоруваа – Александар Велики. Но, никој не може да го оспорува Горан Велики“, изјави Ангеловски.