Познати се двојките за четврт и полу-финалето во најпрестижното клупско натпреварување во светот, Лигата на шампиони. На ждрепката во Нион, се најдоа три тима од Англија, два од Германија и по еден од Шпанија, Португалија и Франција. Прв пат по пет години, Италија нема екипа меѓу најдобрите осум во Европа.
Ждрепката во четврт-финалето, ги спои минатогодишните финалисти, Баерн и ПСЖ и ова е едно од двете дерби средби во оваа фаза, втората е Реал-Ливерпул. Актуелниот европски првак, доколку го мине ПСЖ и во полу-финалето ќе има тешка задача бидејќи веројатно ќе игра против Манчестер сити. „Граѓамиѕе“, во четврт-финалето, се фаворити против Борусија Дортмунд.
Четврт-финални двојки:
Манчестер сити- Борусија Дортмунд
Порто-Челси
Баерн Минхен-ПСЖ
Реал Мадрид-Ливерпул
Полу-финални двојки:
Бајерн Минхен/ПСЖ- Манчестер сити/ Борусија Дортмунд
Реал Мадрид/Ливерпул- Порто/Челси
Првите натпревари ќе се одиграат на 6. и 7.април, а реваншите се една недела подоцна.
Полу-финалните дуели ќе се играат на 27. и 28.април, реваншите на 4. и 5.мај, а финалето во Истанбул на програмата е на 29.мај.
Денеска се извлекоа и двојките за Лига Европа. Динамо Загреб, кој вчера го направи најголемото изненадување во натпреварите од 1/8 финалето во Лигата на Европа, елиминирајќи го Тотенхем, се падна во Виљареал во битка за пласман во полуфиналето на ова натпреварување.