Бобан Николов во дресот на Лука Модриќ ја прослави победата над Реал Мадрид
29/09/2021
Македонскиот фудбалер, Бобан Николов, се радуваше по големата победа на неговиот тим Шериф Тирасол, над Реал Мадрид, во Лига шампиони. Тој радоста ја сподели со фотографија во дресот на кралевите, кој му го дал Хрватот Лука Модриќ.
Шериф синоќа го победи кралскиот клуб со 2:1, а Николов играше само две минути, откако влезе во судиското надополнување, откако претходно Себастијан Тил му донесе голема победа на нивниот тим.
Бобан е единствениот македонски фудбалер кој си заминал со триумф од Сантијаго Бернабеу. Претходно Горан Пандев играше тука, кој иако постигна гол, со неговиот Лацио успеа да извади само реми.
Во останатите мечеви Шахтјор и Интер одиграа без голови, а изненадување направи и Клуб Бриж кој со целосен пресврт го совлада Лајпциг 1:2. Интересно беше и во Атлетико Мадрид, кој го победи Милан исто така со 2:1, а до триумф стигнаа во 97 минута од спорен пенал.
Дортмунд беше подобар од Спортинг со 1:0, Ливерпул го совлада Порто со 5:1, а Ајакс го победи Бешикташ со 2:0. Во дербито на вечерта ПСЖ беше подобар од Манчестер Сити. Најинтересниот момент се случи во 74 минута, кога Меси успеа да го даде својот гол првенец за новиот тим.