Десетте најплатени фудбалери на светот, најмногу се од ПСЖ и Реал Мадрид

Шпанскиот спортски весник „Марка“ ги објави десетте најплатени фудбалери во светот. Според нивниото истражување на оваа листа доминираат фудбалерите на ПСЖ, но има многу фудбалери и од Шпанија и три од Англија.

Иако често се повредува и никогаш нема одиграно повеќе од 20 лигашки натпревари за сезона за ПСЖ, Нејмар убедливо е најплатениот фудбалер на планетата со речиси 50.000.000 евра по сезона.

Ова се бруто цифри, значи дека во нив е пресметан и данокот, така што зависно од државите и законите, некои фудбалери можат да добијат дури и половина од наведениот износ.

Веднаш зад Нејмар е Лионел Меси, кој од ПСЖ зема нешто повеќе од 40.000.000 евра, а трет е Герет Бејл кој иако воопшто го нема во составот на Реал Мадрид, Велшанецот без многу труд заработува 34.000.000 евра.

На листата е и Еден Азар кој добива четири милиони помалку, а исто така ретко игра. Тука е и Карим Бензема кој сепак според фудбалските експерти и она што го покажува на теренот сосема ги оправдува заработените пари.

ПСЖ на листата го има и Килијан Мбапе, кој во моментот е осми на светот според неговата плата, но сосема е сигурно дека од лето ќе се најде на првото место.

Кристијано Роналдо е дури четврт, Антоан Гризман е на петтото место, а тука се и Кевин Де Брујне и единствниот голман на оваа листа Давид Де Геа.

1. Нејмар  48.996.000 €

2. Лионел Меси 40.500.000 €

3. Герет Бејл 34.000.000 €

4. Кристијано Роналдо  31.560.000 €

5. Антоан Гризман  30.000.000 €

6. Еден Азар 30.000.000 €

7. Килијан Мбапе 26.400.000 €

8. Кевин Де Брујне 24.720.000 €

9. Карим Бензема  24.000.000 €

10. Давид Де Геа 23.300.000 €

Scroll to Top