Договорот на Меси од 555 милиони евра ја уништи Барселона, пишува весникот „Ел Мундо“

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ на насловната страница го објави договорот на Лионел Меси со Барселона, кој вреди 555.237.619 евра за четири години, и пишува дека тој го уништил клубот. Освен платата, Меси добил и две премии, една вредна 115.225 милиони евра, а другата од 77.929.925 евра.

„Барселона е силно погодена од кризата со короната, клубот е до гуша во долгови, нема пари за трансфери, ниту за плати и мораше да земат кредит за да ги исплатат обврските кон играчите. На оваа ситуација влијание има и договорот на Меси од 2017 година, кој вклучува над 138 милиони евра годишна плата која се состои од фиксен дел и бонуси. Ова е фараонскиот договор што го уништи клубот“, пишува „Ел Мундо“.

Капитенот на Барселона досега веќе зел 92% од сумата, а четиригодишната соработка со клубот завршува на 30 јуни. Меси лани сакаше да замине од Барселона, но челниците на клубот не му дозволија.

Scroll to Top