Италијанскиот тим Наполи е заитересиран да го купи македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски ова лето, пишуваат италијаснките медиуми. Тимот во кој веќе игра Елиф Елмас, бара добар одмбрамбен играч, а Алиоски им е идеална опција за тоа.
Засега нема никакви најави дека Алиоски кој настапува за Лидс Јунајтед, ќе го продолжи договорот со премиерлигашот. Тој има договор кој му истекува на крајот на годината, а голем број фудалски експерти тврдат дека Македонецот ја игра последната година во клубот од „Еланд роуд“.
Во клубот од Неапол предводен од тренерот Џенаро Гатузо настапува нашата голема надеж Елиф Елмас (21) кој ја игра втората сезона во дресот на „наполитанците“ и со кои има договор до 30 јуни 2025 година.
Покрај Наполи, за Алиоски заинтересиран е и турскиот клуб Галатасарај.