Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го продолжи договорот со италијанскиот клуб „Наполи“ до август 2025 година. Тој со новиот петгодишен договор ќе заработува по 1,8 милион евра од сезона.
„Наполи“ денес потврди дека Елмас останува во клубот, а договорите ги продолжиле и Ди Лоренцо и Марио Риу.
Елмас нема постојано стартно место во тимот на Џенаро Гатузо, но одигра 36 натпревари оваа сезона и постигна еден гол. Тој во „Наполи“ дојде лани од „Фенербахче“. Претходно играше за македонскиот клуб „Работнички“.
✍️ Ufficiali i rinnovi in azzurro di Di Lorenzo, Elmas e Mario Rui fino al 2025.
👉 https://t.co/2tQphhf4eW💙 #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/CALVLZwr49
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) August 18, 2020