ФИФА му дозволи на фудбалерот на шведскиот тим Малме, Ердал Ракип, да игра за сениорскиот тим на Македонија. Станува збор за 25-годишен фудбалер од средниот ред, кој е со потекло од Македонија. Од 2019 година, тој е член на Малме, а играше и за Јувентус.
Со италијанскиот најтрофеен клуб играше во првото коло во Лига шампиони. Покрај за Малме, играчот во кариерата настапуваше и за Бенфика и Кристал Палас. Македонија во октомври ја очекуваат мечеви со Лихтенштајн на гости и со Германија на домашен терен.