Македонскиот фудбалер Давид Тошевски вчера со приватен авион замина за Ростов, Русија, каде што ќе игра во следните пет години. По двонеделни прегледи и откако беше комплетирана целата документација за неговиот трансфер, Тошевски заедно со јапонскиот фудбалер Кенто Хашимото од Белград летна за Ростов.
Рускиот клуб за 19-годишниот фудбалер плати 3 милиони евра, од кои два се за петгодишниот договор за Давид, а еден е за обештетување на „Работнички“. Во интервју за „Репортер“ Давид рече дека е пресреќен со историскиот трансфер што го направи. Тој ни откри и дека сака да има кариера како Горан Пандев или Елиф Елмас, кои му се репер во фудбалот.