(Фото) Кошаркарот Мајкл Оџо починал од срцев удар

Трагичната смрт на нигерискиот кошаркар на „Црвена звезда“, Мајкл Оџо, била снимена во петокот кога почина за време на индивидуалниот тренинг во салата на стадионот „Партизан“.

Оџо починал од срцев удар, а неговата изненадувачка смрт била снимена со камера.

„Тренингот почна со загревање на нигерискиот кошаркар во 12.05 часот. Двете вежби што ги работел ги заврши во 12.18 часот. Минута подоцна неговата лева нога се здрви, тој падна, а присутните веднаш му дотрчаа напомош. Јасно се гледа дека собраните се бореа за него, му донесоа вода, се обидоа да го освежат, да го разбудат, му го притискаа и срцето. Потоа стигна и итната помош, а тогаш веќе беше очигледно дека Оџо почина во салата. Во меѓувреме, полицијата зеде изјави од очевидците и истрагата е во тек“, открива извор за „Ало“.

Несреќниот кошаркар наводно во својот ранец имал папка со комплетна здравствена документација, во која му бил и лекарскиот налог од 20 јули 2020 година, на кој пишувало дека е негативен на коронавирус.

Scroll to Top