НБА ѕвездата Леброн Џејмс го исмеа на социјалните мрежи републиканскиот кандидат на изборите, Доналд Трамп. Кошаркарот објави монтирана фотографија на која Џо Бајден забива преку Доналд Трамп и поентира.
„Губитник“, му напиша подоцна Леброн, цитирајќи ја репликата на актерот Џим Кери во филмот „Ајс Вентура“.
Нема сомнение дека најдобриот кошаркар на светот е воодушевен од исходот на изборите во САД. Веднаш откако американските медиуми објавија дека нов претседател на Америка е Џо Бајден, тој веднаш почна да го исмејува Трамп.
Неговата објава за кратко време предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и за помалку од пола ден, ја лајкнаа повеќе од пет милиони луѓе.
За потсетување, Леброн никогаш не се согласувал со политиката која ја водел Доналд Трамп. Тој постојано ја критикуваше работата на американскиот претседател и често двајцата имаа сериозни вербални конфликти. Леброн пред изборите го поддржа Бајден и ги повика своите навивачи да гласаат за него.