(Фото) На полувремето со Баерн Минхен, Меси во соблекувалната замислен и тажен

По тешкиот пораз од Баерн Минхен, на социјалните мрежи почна да кружи фотографија од најдобриот фудбалер Лионел Меси, направена во соблекувалната на каталонскиот тим за време на полувремето на мечот во Лига на шампиони.

Тажен и замислен, како да се прашува дали има смисла ова што им се случува и како Барса ќе се извлече од целата ситуација, пишуваат шпанските медиуми. Тие пренесуваат дека оваа фотографија најдобро ја опишува моменталната состојба во тимот на Барселона.

Дебаклот на Барселона против Баерн Минхен, во нокаут фазата, во четвртфиналето во Лига на Шампиони, резултираше со потрес и лавина настани во клубот. Шпанците изгубија со 8:2, а, тамошните весници веднаш ја пренесоа веста за одлуката да се промени тренерот и за тоа кој би можел да биде новиот стратег на каталонците.

Многу од весниците го покренаа и прашањето и шпекулациите за тоа дали Меси ќе остане во каталонскиот клуб или планира да си замине.

Лионел Меси ја напушта Барселона, татко му веќе купил стан во Милано

Scroll to Top