(Фото) Откако една сезона возеше картинг, ќерката на Шумахер денес е успешен џокеј: Љубовта кон коњите беше поголема

Џина Шумахер, ќерката на легендарниот возач во формула 1 Михаел Шумахер, рече дека малку фалело да тргне по стапките на нејзиниот татко, но дека љубовта кон коњите преовладала и дека таа сега е успешна џокејка.

Во едно интервју за германската телевизија NDR таа откри дека една сезона се занимавала со картинг и дека истата таа година размислувала да продолжи со тркачката кариера. Сепак на крајот преовладала љубовта и големата страст која ја имала во вестерн јавањето.

 Đina Šumaher - printscreen/instagram

Колку е одлична во сето тоа говори и фактот што во август 2017 година освои златен медал на FEI Светското првенство во Швајцарија.

Инаку, таа е родена на 20 февруари 1997 година и е во врска со скокачот Ијан Бетке, кој редовно ја бодри за време на натпреварувањата. Џина често ги споделува спомените со татко ѝ на „Инстаграм“.

 Đina Šumaher - printscreen/instagram

За потсетување, минаа осум години од кога се случи несреќата со скијање на Михаел Шумахер. Тој оттогаш е врзан за болнички кревет. За жал, во јавноста нема многу информации за неговата состојба, а семејството не сака да открива премногу.

Многумина ја обвинија неговата сопруга Корина дека ја крие вистината, а документарецот на „Нетфликс“, кој наводно требаше да открие многу работи за неговата состојба, најмногу се осврна на неговата кариера, успех и детството.

Во јавноста се појавија и информации дека неговото семејство почнало да го продава имотот за да обезбеди средства за потребното лечење, но овие приказни не се потврдени. Сепак, колку и да кружат вакви тврдења, факт е дека на легендата на Формула 1 најголема поддршка му е Корина и неговите две деца, ќерката Џина и синот Мик.

Мик за разлика од Џина тргна по неговите стапки. Неодамна доживеа и страшен судар во Садуска Арабија, кога неговиот болид беше целосно уништен. За среќа, Мик беше свесен и можеше да оди, а беше однесен во болница каде што се следеше неговата состојба и се санираа повредите.

 Đina Šumaher - printscreen/instagram

 Đina Šumaher

 Đina Šumaher - printscreen/instagram

 

Scroll to Top