(Фото) Пред истекот на договорот со Лидс, Алиоски го подари својот дрес

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше дел од победата на Лидс против ВБА (3-1), а по натпреварот израдува едно мало девојче на трибините на стадионот.

Тој реши да ѝ го подари неговиот дрес откако таа преку транспарент му го побара. Девојчето беше пресреќно поради подарокот кој го доби од македонскиот фудбалер.

Алиоски игра за Лидс од 2017 година, но неизвесно е дали ќе потпише нов договор со премиерлигашот.

Scroll to Top