(Фото) Роберт Левандовски отвори фудбалски паб во Варшава, со мала трибина за гледање и навивање

Фудбалерот на Баерн Минхен и Полска, Роберт Левандовски, во Варшава отвори фудбалски паб, во кој има мала трибина за гледање и навивање за време на фудбалските мечеви.

Пабот е на два ката и освен стандардните шанкови, високи маси и големиот број телевизори, има и мини трибина со столчиња, како на стадион.

„Во пабот гостите ќе се чувствуваат како да се на стадион“, рече Левандовски и дополни дека Полјаците се познати страствени навивачи и брзо прават атмосфера како на вистинските трибини.

Левандовски рече дека особено возбудливо ќе биде за време на натпреварите на полската репрезентација кои ќе ги игра на гости, кога најголем дел од навивачите гледаат од дома.

 

Scroll to Top