Фудбалер ги крадел копачките од соиграчите па ги продавал на интернет

Фудбалер од францускиот клуб Бордо, бил фатен како ги краде копачките од неговите соиграчи, а потоа ги продавал на интернет. Како што пренесоа неколку француски медиуми, младиот фудбалер на Бордо на тој начин заработувал.

Засега не е познато за кој фудбалер станува збор, но од клубот рекоа дека веќе почнале со истрагата. Фудбалерот бил парично казнет, а не е исклучена и суспензија од еден натпревар. Навивачите сметаат дека тоа е преблага казна за ваков инцидент.

Казната не им се допаднала ни на неговите соиграчи, пренесе францускиот медиум RMC.Тие забелеажле дека им ги снемува копачките од соблекувалната, а крадецот го издала неговата поранешна девојка затоа што ѝ раскинал. Таа му кажала на еден од неговите соиграчи дека опремата им ја продава преку интернет.

Сличен инцидент се случи и со фудбалерот Каспер Долберг во Ница, кога му исчезна часовник вреден 70.000 евра. Бордо е познат по ваквите бизарни случки. Само во последните неколку месеци фудбалерите имале проблеми со навивачите, а во клубот се случи и еден расистички скандал. Поранешниот тренер Владимир Петковиќ изгуби контрола во соблекувалната, а новиот шеф на стручниот штаб Дејвид Гујон не е во сјајни односи со неколку фудбалери.

Некогаш францускиот великан во моментов се наоѓа во тешка ситуација. Бордо постои веќе 140 години како клуб, а шест пати беше шампион во Франција, а сега му се заканува да испадне од првата лига.

 

Scroll to Top