Фудбалскиот судија Хацеган доживеал срцев удар

Познатиот романски судија на УЕФА, Овидиу Хацеган во неделата доживеал срцев удар за време на тренинг во Темишвар. Како што пренесуваат ромаските медиуми, тој почувствувал болка во градите, а затоа што и самиот е лекар веднаш со автомобилот самиот заминал во болница.

Лекарите му направиле ЕКГ тест ѝ го оперирале. Утврдиле дека станува збор за запушена вена, па му вградиле стент. Во моментов е во болница ѝ е во стабилна состојба. Хацеган е познат и по тоа што во 2018 година, додека судеше на мечот меѓу Германија и Холандија, на полувремето дозна дека мајка му починала. Иако му беше дозволено да си замине, тој остана да суди до крај.

 

 

 

Scroll to Top