Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен денеска колабираше за време на мечот против Финска, на Европското првенство, а веднаш на теренот дотрча неговата девојка Сабрина Квист Јенсен. Додека лекарите се обидуваа да го оживеат Ериксен, фудбалерите на Данска ја тешеа Сабрина.
Медиумите пренесоа дека Ериксен е свесен и надвор од животна опасност. Од Данската фудбалска федерација објавија дека ќе бидат направени дополнителни испитувања.
Иако натпреварот беше прекинат пред крајот на првото полувреме, фудбалерите од двете репрезентации решија да го доиграат уште денес.