Швескиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ си заминува од Милан, пишуваат медиумите во Италија. Негова следна дестинација ќе биде клубот во Шведска каде е и газда, Хамбари.
Швеѓанецот имал проблеми во Милан ѝ му се спротиставил на извршниот директор на клубот, затоа што е незадоволен од ситуацијата во тимот и начинот на кој тренерот го води клубот.
Ибрахимовиќ ќе игра за Милан до крајот на сезоната. Целта на екипата е место кое води во Лига на Европа. Негова можна следна дестинација би бил клубот Хамарби, каде што тој е и сопственик. Ако тоа се случи, Ибрахимовиќ ќе го навлече бесот на навивачите на Малме.
Во клубот Малме, кој важи за најголем ривал на Хамарби, Ибрахимовиќ имаше статус на легенда. Евентуалниот трансфер на контроверзниот напаѓач во Шведска, би отворило место на Сан Сиро, а главен фаворит за негов наследник е репрезентативецот на Србија, Лука Јовиќ.