Исчезна синот на Дидие Дрогба

Синот на легендарниот фудбалер Дидие Дрогба, Исак Дрогба исчезнал пред неколку месеци и оттогаш никој не знае каде се наоѓа. Од неговиот клуб „Академика“ рекоа дека го немаат видено од пред два месеци кога ја напуштил државата.

Дваесетгодишниот Исак се уште се води како член на португалскиот тим Академика од Коибра. Од клубот велат дека долго време го немаат видено, ниту пак се слушнале со него, пренесе португалскиот портал zerozero.pt.

За необичниот случај се нема огласено татко му Дрогба, а неговиот тренер, Мигел Карваљо рече дека со него бил само краток период.

„Некаде околу јануари дојде кај мене и ми рече дека имал испити за на школо во Франција. Му дозволив да замине и се договоривме околу датумот кога требаше да се врати. Но, не се врати. Не сум слушнал за него сè до овој момент. Не знам кога ќе се врати“, рече Карваљо кој додаде дека Исак бил многу добар фудбалер.

„Требаше малку повеќе да се посвети на тренинзите, но се повреди и паузираше неколку недели. Затоа и не играше во првенството“, рече тој.

Исак играше во младите категории и на Челзи, а потоа и за младиот тим на Генгана. Сениорски фудбал загира во италијанскиот нисколигаш Картезе, а според податоците од специјализираниот сајт „Трансфермаркет“, Исак за „Академика“ потпиша во летото 2021 година.

Scroll to Top