Киелини се повлекува од репрезентацијата на Италија

Репрезентативецот на Италија и фудбалер на Јувентус, Џорџо Киелини ќе се повлече од националниот тим по завршувањето на сезоната.

Италија утре ќе игра натпревар против Турција во дуел на двете поразени екипи од плејофот, а последниот натпревар за Киелини во италијанскиот дрес ќе биде во јуни против Аргентина во мечот на европскиот шампион и шампионот на Јужна Америка.

За националната селекција на Италија Киелини одигра 115 натпревари и постигна осум голови. Според најавите Киелини по завршувањето на актуелната сеозна ќе го напушти и Јувентус, а како наредна дестинација се најавува МЛС лигата.

Scroll to Top