Кире Лазаров испиша историја во ЛШ

Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, стигна до бројката од 250 настапи во најеминентниот ракометен шампионат Лигата на шампиони и се запиша во историјата на ова натпреварување.

Тој го мина Арпад Штербил, кој до вчера имаше најголем број настапи во ЛШ. Трет на оваа листа е Тиери Омејер со 240 настапи, а по него следат Никола Каработиќ со 237 и Тимур Добиров со 217.

Лазаров со вкупно 20 е рекордер и по бројот на одиграни сезони, а го држи рекордот и по бројот на постигнати голови во Лигата на шампиони.

За потсетување, Лазаров синоќа со Нанто го победи Келце со 34-31 и успеа да стигне до четвртфиналето во ЛШ.

 

Scroll to Top