Левандовски „Златната копачка“ ѝ ја посвети на сопругата

Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, наградта „Златна копачка“ ѝ ја посвети на неговата сопруга Ана. Наградата ја доби затоа што беше најдобар стрелец во Германија со 41 гол.

Многу сум среќен, тоа е голема чест. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, соиграчите, тренерскиот штаб и целиот Баерн Минхен. Без нивната поддршка, немаше да можам да освојам вакви награди. Во спортот, како и во животот, многу е важно да се вреднувате, да се поддржувате, секогаш да бидете искрени еден кон друг и да се обидувате да бидете пример за другите. Затоа оваа награда им ја посветувам на сите луѓе кои се покрај мене секој ден. Многу сум задоволен од она што го постигнавме заедно како тим. Ви благодарам многу“, рече Левандовски.

Полјакот го урна рекордот на легендарниот Герд Милер. Свеченоста се одржа во клупскиот музеј на Баерн Михен на „Алијанц Арената“.

 

Scroll to Top