Британскиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон, јавно зборуваше против некои од неговите колеги за кои смета дека влегле во овој спорт благодарение на парите на нивните богати родители. Тој смета дека од ден во ден во овој спорт расте бројот на синови на богатите.
Иако Хамилтон не спомена имиња, јасно е дека мисли на Русинот Никита Мазепин, чиј татко стана главниот спонзор на еден од тимовите Хас, под услов неговиот син да биде еден од возачите.
„Мораме нешто да промениме во иднина во Формула 1 за таа да стане достапна за луѓето како мене. Не беше нималку лесно да се стане Формула 1 возач кога јас ја почнував кариерата. Денес нема шанси некој кој доаѓа од обично работничко семејство да стане возач на болид. Сите останати имаат толку пари што е невозможно да се носат со нив“, изјавил Хамилтон.
Неговите изјави силно одекнаа во јавноста, особено што Мазепин имаше очаен старт на почетокот на сезоната. Покрај Русинот, тука се и Ланс Строл и Николас Латифи, кои исто така се деца на пребогати родители.
За потсетување, Мазепин беше во фокусот на јавноста и поради скандалот со неговата девојка. Тој објави снимка со неа додека се возат заедно. Тој се снимал како ја допира девојка му за градите. Андреа Длвал, која е топ-модел, подоцна изјави дека нема потреба од никаква грижа.
„Само сакам јавноста да знае дека Никита и јас сме долго време пријатели и ништо што се гледа на видеото е сериозно. Си веруваме еден на друг и тоа беше само една од нашите меѓусебни шеги. Многу ми е жал за тоа што испадна така, тој е прекрасно момче и никогаш не би направил нешто за да ме повреди“, напишала Андреа на „Инстаграм“.