Македонија ја пропушти победата со Чешка, мора да победи во Скопје за да игра на Светско

Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено со Чешка 24:24 во првиот натпревар од баражот за пласман на СП во Полска и Шведска во 2023 година. Иако водеа во текот на целиот натпревар, а имаа и предност од седум гола, на крајот македонските ракометари ја пропуштија шансата во Чешка, па сега мора да победат во Скопје за да играат на Светско.

Ракометарите на почетокот поведоа 1:4, а на полувреме отидоа со предност од три гола (10:13), која ја зголемија во второто полувреме. Пред крајот на натпреварот чешките ракометари се доближија на гол разлика и по последните секунди Кашпарек успеа да израмни.

Филип Талески со 5 гола беше најефикасен во македонската репрезентација, додека по четири гола постигнаа Лазаров и Гоце Георгиевски. Матеј Клима и Јакуб Хрстка беа најдобри за Чесите со по пет постигнати голови.

Реваншот се игра во Скопје во недела во 19 часот.

Scroll to Top