Македонскиот најдобар судија Александар Ставрев, ќе го суди големото грчко дерби, помеѓу Паок и Олимпијакос. Името на Ставрев да го суди големото денешно дерби, дошло на барање на грчката федерација. Претходно овој дуел го судеше германскиот арбитар Феликс Брих.
И покрај тоа што тимот на Олимпијакос веќе е промовиран како шампион во Грција, ваквите дуели секогаш носеле тензичност и притисок кон судиите и пред, но и по натпреварот.
Помошници на Ставрев ќе му бидат Костадинов и Петрески.