По бурните реакции во јавноста за контроверзниот пенал кој беше досуден за Англија, на мечот во полуфиналето на ЕП против Данска, се јави со мислење и португалскиот тренер Жозе Мурињо. Новиот тренер на Рома рече дека Англија во секој поглед била подобра на мечот, но, дека пенал немало.
„Тоа беше одличен меч, но не сум сигурен дека сакате да го слушнете моето мислење околу пеналот. Ќе ви кажам она што јас го видов. Видов дека пенал немаше. Англија беше подобра и победи заслужено. Играа фантастично, но пенал немаше“, рече Мурињо и додаде:
Данска играше онака како што очекував. Одигра до максиумот на своите можности. Сепак, ќе повторам дека пенал немаше. Не ја разбирам одлуката на судиите. Уште помалку оние во ВАР собата. Тоа никако не може да е пенал“, додаде „специјалниот“.
За потсетување Англичаните победија со 2:1, и тоа со доста контроверзен пенал досуден во продолженијата. Поголемиот дел од експертската фудбалска јавност застана на страната на Данците и смета дека беа оштетени на овој меч.