Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, одби да се тестира за коронавирус иако неговиот колега Григор Димитров е позитивен, а двајцата тенисери имаа близок контакт минатата недела, пишуваат српските медиуми.
Ѓоковиќ не сака да се тестира затоа што се чувствува добро и нема симптоми, а истото се однесува и за другите лица од неговиот тим и околината. Тренерот на српскиот тенисер, Горан Иванишевиќ, превентивно направи анализа пред три дена, а резултатот беше негативен.
Ѓоковиќ и неколку познати тенисери викендов беа во Задар, каде што играа на турнирот „Адрија тур“, кој е во организација на Новак. За разлика од него, по позитивниот резултат на Димитров, некои од тенисерите направија тест и сега ги чекаат резултатите.