Новак Ѓоковиќ вечерва во Виена ќе го брка рекордот на Пит Сампрас

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, вечерва на турнирот во Виена, со победа над Хрватот Борн Чориќ, ќе успее да ја заврши годината како најдобар тенисер во светот. Ова ќе биде шеста година по ред како Ѓоковиќ ќе биде на врвот и ќе се изедначи со рекордот на Пит Сампрас.

Ѓоковиќ вечерва го игра второто коло во турнирот во Виена против Чориќ. Мечот меѓу нив двајцата ќе биде четврти, што значи дека би требало да излезат на теренот околу 17 и 30 часот.

Пред нив ќе се играат мечевите во двојки меѓу Јирген Мелцер и Едуар Рожер Васелан, против Даниел Еванс и Оливер Мараша. Потоа следат мечевите во сингл.

На централниот терен ќе излезат Џејсон Јунг и Данил Медведев, а потоа и Стефанос Циципас и Јан Ленард Штруф.

 

Scroll to Top