Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, беше избркан од обезбедувањето на Ју-ес опен по мечот со Данецот Холгер Руне затоа што сакал да им подели неколку автограми на обожавателите во публиката. Обезбедувањето не му дозволи и го упати кон излезот.
Тој се обиде уште еднаш да им се доближи на навивачите, но обезбедувањето вторпат го спречи во тоа. Останува нејасно зошто организаторот на мечот не дозволи Ѓоковиќ да биде со фановите, особено затоа што претходно немаше никаква забрана поради страв од Ковид-19.