Опериран Лино Червар

Проблеми за сега веќе поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Хрватска Лино Червар не завршуваат после ракометниот Мундијал во Египет.

Трофејниот тренер во последниот период имаше здравствени проблеми, па беше приморан да замине не операција, која мина успешно по која Лино Червар веќе е на домашно лекување.

„Ми беа отстранети камења од бубрегот. Поминав четири дена во болница, ми ставија катетер, го проширија каналот. Моето семејство дојде да ме посети и претпоставувам дека сега сите тие проклети проблеми се завршени. Но, сè уште имам проблеми со грбот и дискот што ми удира по нервот. Морам да направам магнетна резонанца, па ќе видиме дали треба да направам уште една операција или ќе можеме да ја решиме со конзервативен метод“, рече Червар.

Scroll to Top