Пике ќе се пензионира по завршувањето на сезоната

Шпанскиот репрезентативец и играч на Барселона, Жерар Пике, по завршувањето на сезоната, ќе оди во пензија. Според шпанските медиуми, тој веќе им ја соопштил својата намера на тренерот Чави и на претседателот Џоан Лапорта.

Пике има потпишано договор со Барселона до 30 јуни 2024 година. Сепак, потои можност тој да остане во тимот, само доколку Чави го убеди дека навистина им е потребен. Во тој случај би се согласил да игра и за минимална плата.

Претходно, Пике играше во Манчестер јунајтед, но во 2008 се врати во Барселона. Тој со клубот и репрезентацијата ги освои сите можни титули.

За потсетување, неговиот соиграч Серхио Агуеро в среда заминува во пензија. Шпанските медиуми објавија дека тогаш ќе се одржи и прес-конференција, но засега нема коментар ниту од клубот ниту од фудбалерот.

Серхио Агуеро во среда заминува во пензија

Scroll to Top