Почина фудбалската легенда Марадона

Аргентинските медиуми објавија дека на 60 години од срцев удар денес почина легендарниот фудбалер, Диего Армандо Марадона. За многумина, тој беше најдобриот фудбалер на сите времиња. Според аргентинските медиуми, Марадона починал во својот дом.

Марадона неодамна имаше операција на мозокот, кога му беше изваден хематом, но лекарите тогаш изјавија дека операцијата била успешна. Пред операцијата, неколку стотици обожаватели го пречекаа на влезот на болницата и му аплаудираа.

Легендарниот Марадона стана национален херој во 1986 година, кога ја донесе титулата светски шампион во Аргентина и откако ѝ донесе победа против Англија во нокаут-фазата за време на жестоките конфликти околу Фокландските Острови. Во неговата клупска кариера Марадона настапуваше за Бока Јуниорс, Барселона, Севиља и Наполи, а освои и две шампионски титули во Серија А. Со репрезентацијата на Аргентина четири пати играше на Светските првенства, и постигна 34 гола во 91 натпревар.

(Видео) Стотици навивачи со песна го испратија Марадона на итна операција

Scroll to Top