Почина тренерот на „Јагодина“ што го удри гром

Стефан Павловиќ, тренерот на младинските категории на српскиот суперлигаш „Јагодина“, почина една недела откако го погоди гром за време на тренинг. Тој во моментот кога го удрил громот бил на терен со 20 фудбалери од најмладите категории во клубот.

29-годишниот Павловиќ го удри гром минатиот вторник околу 18.40 часот. Бргу потоа беше превезен во болницата во Јагодина, каде што беше клинички мртов. Следниот ден тој бил префрлен во болница во Белград, каде што починал вчера.

Гром погоди тренер додека вежбал со 20 деца

Scroll to Top