Полицијата покрена истрага за Роналдо откако му ја удри раката на дете со аутизам и му го скрши мобилниот

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се најде во центарот на вниманието откако по поразот од Евертон, видно изнервиран удри во раката на младиот навивач кој го снимаше, по што телефонот испадна и се скрши, а тој продолжи да пешачи кон соблекувалната оставајќи го момчето со модринка, јавуваат медиумите.

Мајката на навивачот во изјава за „Liverpool Echo“, открила дека Џејкоб (14) има аутизам и дека ова му е прв натпревар во животот што го гледал во живо, па како сувенир снимил сè околу него.

Полицијата Мерсисајд потврди дека го истражува вчерашниот инцидент од страна на ѕвездата на Манчестер јунајтед,

„Полицијата на Мерсисајд може да потврди дека отвори истрага по инцидентот на мечот Евертон-Манчестер јунајтед при излегување на фудбалерите надвор од теренот и разговара со сите засегнати страни“, велат од полицијата на Твитер.

Роналдо јавно му се извини за инцидентот и го покани младиот навивач на „Олд Трафорд“.

„Никогаш не е лесно да се контролираат емоциите во вакви тешки моменти. Секогаш треба да имаме почит, трпение и да бидеме пример за сите млади луѓе кои ја сакаат оваа игра. Би сакал да се извинам за мојот испад и да го поканам навивачот да биде мој гостин и да гледа натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј“, напиша Роналдо на Инстаграм.

Scroll to Top