Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, в четврток нема да игра во полуфиналето на турнирот во Синсинати против Роберт Баутиста Агуто поради големите немири и протести што се случуваат во земјата. Немирите настанаа поради полициската бруталност кон Афроамериканците.
Организаторите на турнирот одлучија в четврток да не се игра тенис и сите мечеви да се поместат в петок.
„Како спорт тенисот колективно зазеде став против расната нееднаквост и општествените неправи, кои сè уште се ставени во прв план во Америка. Тениската асоцијација во САД, ATP-турнирот и WTA одлучија да го препознаат овој момент и да го паузираат турнирот во Синсинати в четврток на 27 август и тој да биде продолжен в петок на 28 август“, е наведено во соопштението на ATP.
За потсетување, голема прашина се крена во Америка кога еден полицаец во Винсконсин седум пати пукаше во Афроамериканецот Џејкоб Блејк. НБА-кошаркарите во знак на протест одбиле да го играат мечот од плејофот, а најдобрата тенисерка во светот, Наоми Осака, се приклучи на бојкотот. Таа одлучи да не го игра полуфиналето во Синсинати.
(Видео) Полицаец седум пати пука во невооружен човек, снимка која ја крена цела Америка на нозе