Ракометарот Денис Тот донесен во болница без срцева акција, од МВР велат нема траги на насилство

Ракометарот на Бутел Денис Тот бил донесен на скопската Клиника за реанимација без траги на насилство, информираа од МВР. Информацијата следи откако претходно беше објавено дека тој бил претепан во скопски клуб.

„МВР  ја информира јавноста дека вчера (7.4.2022) во 4:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста“, информираа од полицијата. Од неговиот клуб доцна синоќа потврдија дека тој се наоѓа во тешка состојба.

„Родителите се на пат кон Скопје, но немаме информации што точно се случило“, изјавил братот на Денис Тот, кој кариерата ја гради во Холандија. Тот во Бутел пристигна од Охрид, во кариерата играл за Адемар Леон, Брук, Пореч и Бјеловар.

Scroll to Top