Романска тенисерка ќе се мажи за милијардер од Македонија

Романската тенисерка Симона Халеп ќе се венча со нејзиното момче Тони Јурук, по потекло е од Македонија и е Влав. Јурук е сопственик на неколку фирми, а со Симона е во врска една година.

Халеп вели дека свадбата ќе се помести за септември наредната година, затоа што тоа е желба на нејзиниот татко. Тој сака венчавката да се одржи по нејзиното учество на грен-слем турнирот „УС опен“.

Татко ѝ на Халеп сака таа да учествува на сите четири грен-слем турнири. Тони немал никакви проблеми со тоа и многу веројатно е венчавката да се одржи идната година.

Халеп е една од најпознатите спортски личности во Романија. Таа е шестопласирана на листата во овој спорт. Лани го освои „Ролан Гарос“, а годинава „Вимблдон“. Минатата година играше во финалето на „Австралија опен“, додека во 2015 стигна до полуфиналето на „УС опен“.

Халеп вели дека бракот ѝ е приоритет во животот, а за потенцијалната свадба со Тони вели дека би сакала да се одржи во Романија.

 

Scroll to Top