Роналдо се изнервира пред мечот со Македонија, сите ме прашувате едно исто

Кристијано Роналдо се изнервира на пресот со новинарите пред натпреварот со Македонија, на кој зборуваше за продолжувањето на кариерата и дали ова ќе биде негов последен, петти Мундијал.

„Почнувам да приметнувам дека многу од вас ме прашуваат исто прашање. Јас сум тој кој ќе одлучи за мојата иднина. Никој друг. Се чувствувам како да сакам да игра уште натпревари. Ако не беше така, немаше да играм. Јас сум тој кој се прашува и точка“, рече Роналдо.

Петкратниот освојувач на „Златна топка“, не сакаше да даде конкретен одговор до кога ќе игра.

„Живеам ден по ден, а само Господ знае што ќе се случи утре. Уживам во фудбалот и сè уште се чувствувам корисен на теренот и надвор од него и во клубот и во репрезентацијата. Јас ќе одлучам дека е крај кога тоа ќе го посакам, а не кога навивачите, моето семејство или новинарите ќе одлучат. Секогаш сум носел одлуки за мојот живот и така и ќе продолжам“, рече Португалецот.

Во февруари тој наполни 38 години, а за следното Светско во 2026 година кое ќе се игра во Канада, САД и Мексико, ќе има 42. За првиот тим на Португалија игра уште од 2003 година и во последните два меча стана фудбалер со најмногу настапи 185 и дадено голови 115.

За потсетување, Македонија ја победи Италија со 1:0, и вечерва со Португалија ќе игра во финалето за бараж за пласман на Светското првенство во Катар. Натпреварот ќе се игра на  стадионот „Драгао“ во Порто, а ќе почне во 20:45 часот.

 

Scroll to Top