Млада кошаркарка на Партизан, Милица Мркела, која наскоро требаше да наполни 16 години, пронајдена е денеска обесена во својот дом.
Претседателката на ЖРК Партизан, Бојана Јанковиќ изјавила дека е затечена и во шок после информацијата за самоубиството, посочувајќи дека Милица никогаш не направила некаков проблем, ниту оставила впечаток дека има некаков проблем, па оттаму и нема објаснување како е можно дете да реши да се самоубие.
„Таа беше иднината на нашата кошарка. Во Партизан дојде на 14 години и веќе се стекна со статус и на првотимец и репрезентативец. Беше еден од нашите најголеми таленти, позитивна и омилена. Навистина сме затекнати и шокирани од нејзината смрт“ – изјави за српските медиуми, претседателката на Партизан, Бојана Јанковиќ.