Столе Стоилов е позитивен на коронавирус

Капитенот на „Вардар“, Столе Стоилов, е позитивен на коронавирус. По вчерашниот тренинг, тој се пожалил на малаксаност, а состојбата не му се подобрила ниту кога го направил тестот на Ковид-19, кој подоцна се покажал позитивен.

Од клубот веднаш ги известиле другите екипи со кои играше „Вардар“ изминатиов период. Од таму велат дека е најважно дека Столе се чувствува добро, има лесна клиничка слика и се лекува во домашни услови.

За потсетување, ракометарот минатата недела стана татко, а неговата сопруга Деница го роди синот Бојан. Столе и Деница направија мала свадба пред еден месец, само со најблиските, а се свршија во февруари.

(Фото) Столе го покажа синот Бојан со кого денес излегоа од болница

 

 

Scroll to Top