Страшно е да загубите од една Македонија, рече Фиго по елиминацијата на Италија од Светско

Португалскиот фудбалер и легендарен играч на Барселона и Реал Мадрид, Луис Фиго, додека зборуваше за мундијалските баражи, се осврна и на поразот на Италија од Македонија. Тој рече дека е страшно да се изгуби од една Македонија и тоа плус на домашен терен.

Тој рече дека се уште не може да верува дека една од светските фудбалски велесили како Италија нема да игра на Светско и дека 12 години најголемиот светски настан ќе биде без втората најтрофејна нација, четирикратниот првак.

За потсетување, Македонија го елиминираше европскиот првак Италија од вториот Мундијал по ред за „аѕурите“ на кој нема да играат, со голот на Трајковски во последните моменти од натпреварот.

 

Scroll to Top