Тренерот на Холандија Луис Ван Гал криел од фудбалерите дека има рак

Легендарниот холандски тренер Луј ван Гал објави дека има рак. Тој објави за тешката болест во една холандска емисија и рече дека боледува од агресивен облик на рак на простата. Рече дека се лечел веќе подолго време, но не сакал да каже ништо за да не им влијае на фудбалерите.

„Морав да излезам среде ноќ од хотелот за фудбалерите да не дознаат дека сум болен“, рече Ван Гал и додаде дека за болеста открил дури откако се случи ждрепката за Светско на која Холандија ќе игра против Катар, Сенегал и Еквадор. Досега одработил 25 циклуси на зрачење.

За потсетување, Ван Гал минатиот септември седна на клупата на Холандија, за третпат во неговата кариера, а неговата репрезентација без поголеми проблеми се квалификуваше на Мундијалот во Катар.

Засега не е познато дали поради болеста ќе мора да паузира или ќе остане на клупата на Холандија. Претходно беше отсутен од репрезентацијата поради здравствени прични, но во прашање беше повреда на колкот која ја заработи по пад од велосипед.

Незгодата се случи додека се враќал од тренинг во хотелот. Некое време се движел на патерици и во инвалидска количка. Тоа се случи кога Холандија ги играше одлучувачките натпревари во квалификациите, но сега ова е многу поголем проблем, пренесоа медиумите.

 

Scroll to Top