Црногорскиот ракометар Марко Ласица им се извини на македонските навивачи откако плукаше во нив

Црногорскиот ракометар Марко Ласица им се извини на македонските навивачи во кои плукаше по натпреварот Македонија – Црна Гора на Европското првенство. Дисцилплинската комисија на Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни Ласица со 5.000 евра, а 2.000 евра се условна казна на две години.

„Сакам да се извинам на македонската јавност и да ја објаснам ситуацијата. Во текот на целиот меч по мене фрлаа монети и ме плукаа, а по натпреварот еден таканаречен навивач повторно ме плукна кога бев во негова близина. Направив грешка и за тоа се извинувам. Посебно ја ценам македонската публика и нејзината посветеност кон репрезентацијата и клубовите. Мојата реакција е за осуда и уште еднаш се извинувам“, рече Ласица.

За потсетување, Ласица влезе во конфликт со навивачите откако Црна Гора ја победи Македонија 28:24. Тој плукна кон насобраната публика, но беше избегнат поголем инцидент откако реагираа црногорските ракометари и го повлекоа Марко од теренот.

По поразот од Црна Гора, Македонија е елиминирана од Европско

Scroll to Top