Уште како мал патеката му беше втор дом, освои седум титули во Формула 1, но, по несреќата на скијање, животот на Шумахер стана агонија

Легендата на Формула 1 во 2013 година доживеа страшна несреќа за време на скијање, а информациите за неговата здравствена состојба, се чуваат строго во тајност од страна на неговото семејство и до ден денес неговата состојба е голема мистерија.

Богатата животна приказна на Германецот е позната и за оние кои не се љубители на Формула 1. Тој влезе во историјата на мото спортот како единствениот возач кој има освоено 7 шампионски титули во најпрестижната категорија.

Секоја трка ја завршуваше неповреден, иако се занимаваше со многу суров и опасен спорт, за да на крајот, по толку години поминати на опасните патеки, животот му биде уништен на едно наизглед безопасно скијање.

Шумахер е роден на 3. јануари 1969 година во еден мал германски град. Неговиот татко Ролф Шумахер бил ѕидар, а мајка му Елизабет, домаќинка. Живееле скромен живот и не помислувале дека еден ден малиот Шумахер ќе стане еден од најдобрите возачи во светот.

Својот талент и љубов кон возењето тој го открива многу рано и тоа благодарение на својот татко кој исто така гаел страст кон авто трките.

Тој му направил скромен, но функционален мал болид, кој малиот Шумахер гордо го возел на споредните улици во своето градче.

Недолго потоа, на пет години, тој ја добива можноста да ја вози својата прва картинг трка. Неговиот татко бил главен организатор. Потоа, тркачката патека станува негов втор дом, а брзината негова душевна храна.

Шумахер се занимавал со многу спортови, но, желбата да стане авто тркач била над сè. На четрнаесет години добива воачка дозвола и се стекнува со право да учествува на многу официјални натпреварувања.

Михаел Шумахер или Ред Барон, како што го нарекувале, на само три години освоил неколку престижни првенства во картинг, како во Германија, така и во странство.

Својата брилијантна кариера во Формула 1, ја започнува во 1991 година, како возач во тимот на „Џордан“. Истата година постигнува договор со Флавио Бријаторе и во сезоната 1992 – 1993, преминува во тимот на „Бенетон“.

Титулата светски шампион ја освоил во 1994 година, а во 1996 година, преминува во тимот на „Ферари“, со кој ќе освои пет последователни шампионски титули.

Во септември 2006 година, ќе се повлече од Формула 1, но, повторно ќе се врати на патеките во 2010 година. Овој пат како возач на екипата „Мерцедес“.

Три години подоцна ќе ја доживее најголемата несреќа во животот, но, не зад воланот и при полна брзина. На семејниот одмор, во француските Алпи, тој бил на рекреативно скијање, паднал од скиите и се здобил со стршани повреди на главата.

Итно бил префрлен во болница во Греноблу и бил ставен во индукативна кома.

„Шумахер со хеликоптер бил префрлен во болницата во Мутије, која е оддалечена околу 15 километри. Полцијата ја истражуваше причината за несреќата. Во прв момент не можев да видам за колку сериозна повреда станува збор. Беше во шок и потресен, удри со главата во карпа, но носеше кацига“, изјавил по несреќата директорот на ски-центарот Кристоф Герињон Леком.

Менаџерката на Михаел Шумахер, Сабина Кем, во 2014 година ја известила јавноста за добрите резултати и опоравувањето на легендарниот возач во Формула 1. Кем објавила дека Шумахер, на крајот на април таа година, се разбудил од вештачката предизвикана кома и повремено комуницирал со луѓето околу него.

Година дена по кобната несреќа, тој излезе од кома и беше пуштен на домашно лекување. За неговата состојба и ден денес се шпекулира и претпоставува. Информациите за неговата здравствена состојба се чувани во строга тајност.

Сопругата Корина направила сè за тој да се разбуди од кома и да му се врати на нормалниот живот. Во последно време се зборува дека семејството е на работ на банкрот, затоа што сите пари кои ги имале завршиле на неговото лекување.

Многумина шпекулираат дека Шумахер никогаш нема целосно да се опорави. Во јавноста се појавиле разни информации за неговата здравствена состјоба, кои воглавно не биле точни или проверени.

Првпат за медиумите се огласи некогашниот шеф на „Ферари“, Жан Тод, кој е негов голем пријател. Жан открил дека често го посетува Шумахер, а на прашањата на новинарите каква е неговата состојба, тој им одговорил:

„Тоа е прашање на кое секогаш ќе бидам екстремно резервиран. Го гледам Михаел често, еднаш или двапати месечно. Но, мојот одговор ќе биде секогаш ист. Ја има најдобрата можна нега и се наоѓа во мирно и пријатно место. Можеме само да му посакаме и на него и на семејството сè најдобро“.

 

Scroll to Top