(Видео) Андонова како Шакири против Англија, со гол од корнер ѝ донесе победа на Македонија

Фудбалерката Наташа Андонова постигна убав погодок за Македонија на гости кај Летонија, во квалификациите за Светското првенство. Таа даде гол од корнер за победа на Македонија од 4:1.

Наташа потсети на голот кој го даде Артим Шакири за Македонија против Англија во 2002 година.

За потсетување, во претходните два натпревара Македонија загуби од Англија со 8-0 и од Австрија со 6-0. Следниот натпревар ќе го играат на 27 октомври против Луксембург.

Прва победа на македонските фудбалерки во квалификациите за Светското првенство

Scroll to Top