(Видео) Ериксен даде гол за Данска девет месеци откако имаше срцев удар среде терен

Фудбалерот Кристијан Ериксен вчеравечер првпат играше за репрезентацијата на Данска, откако доживеа срцев удар за време на Европското првенство минатото лето. Тој влезе во игра во второто полувреме на пријателскиот натпревар со Холандија и две минути подоцна даде гол.

Данскиот фудбалер кој правеше долга пауза поради инфарктот, откако се врати на терените, потпиша за премиерлигашот Брентфорд. Тој покажа дека е во добра форма, по што беше повторно повикан да игра во репрезентацијата.

 

Scroll to Top