Данскиот фубалер Кристијан Ериксен, кој денес попладнето колабираше на теренот за време на натпреварот на Европското првенство, против Финска, е во стабилна состојба, пренесуваат медиумите. Тој вечерва падна на теренот пред крајот на првото полувреме, а лекарите десетина минути се обидуваа да го оживеат.
На крајот беше изнесен со количка, а од фотографиите можеше да се види дека Ериксен е свесен и носи маска со кислород. Од Данската фудбалска асоцијација објавија дека фудбалерот е во стабилна состојба и дека ќе се направат дополнителни лекарски испитувања.
Одговорните во УЕФА го прекинаа натпреварот на резултат 0:0.