Голманот на Модена, Рикардо Гањо успеа да даде гол во 91 минута од преку цел терен. Тој даде гол за победа на неговиот тим од 2:1 на мечот во Серија Ц во Италија, против Имолезе. Неговиот гол беше пресуден во борбата за влез во повисоката лига Серија Б.
Откако ја шутна топката, таа го прелета целиот терен, а на крај и противничкиот голман Марио Роси. За потсетување, Модена се наоѓа на првото место на табелата.